Иванов во посета на Новаци и Добромири

Претседателот Ѓорѓе Иванов оствари средба со месното население на Новаци и Добромири.

На средбата во Новаци беше пречекан од градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски и  жители кои сакаа да се поздрават и сликаат со првиот човек на државаа.  Иванов кој е и номиниран за кандидат за претседател од ВМРО ДПМНЕ за претседателските избори, беше запознаен со проектите на локалната самоуправа и процесите за урбанизирање на ова населено место. Во разговорите беше посочено дека во општината изминатите две години се направени 6 локални патни правци и дека постојано се работи на унапредување на инфраструктурата.

Воедно беше поздравено реализирањето на проектот за обезбедување парно греење ТЕЛЕТЕРМ од ИПА Програмата за прекугранична соработка, во вредност од 160 илјади денари кој ќе обезбеди развој на оранжериското производство во Пелагонија.

Дополнителен развој на општината, жителите очекуваат со најавената реконструкцијата на делница Новаци – Добромирци – Добрушево.

Во рамки на посетата на општина Новаци, македонскиот претседател го посети и селото Добромири.