Иванов за ТВ 24: Нема да им се извинам на Захариева и на Бакојани

280

Новинарот Зоран Иванов во емисијата 24 Анализа повтори дека нема намера да се извинува на Екатерина Захариева и на Дора Бакојани за напишаниот статус во кои ги нарече кучки и фиргидни.

-Таман работа, јас сосема смислено го напишав тој пост. Сакав да ја здоболи малку, кога таа навреди цел македонски народи продолжува да навредува. Тоа беа метафори и не знам зошто се навредени. Кучка е карактерна особина, фригидност е состојба на нечувствителност, рече Иванов.

Иванов рече дека и него го погодило дека Екатерина уживала да потенцира дека не постојат Македонци, затоа и неговата реакција била таква. Во врска со неговото разрешување од управниот одбор на МИА и смета дека ако тоа придонело за одмрзување на фамата, тоа нека бил негов придонес.

-Се надевам дека на младата министерка во биографијата како поголем успес во дипломатијата, ќе  остане дека успеала во Македонија да смени владин чиновник од 17та позиција, рече Иванов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.