
Билјана Ивановска претседател на ДКСК во емисијата „24 анализа“ рече дека овој закон беше донесен со комисиска расправа и со пленарна седница во Собранието за еден ден.
– Тоа е молскавична брзина на донесување на закон по скратена постапка. Кога ја подготвувавме националната стратегија, истакнавме дека донесување на закони по скратена постапка претставува ризик од корупција и дадовме препорака да се намали таквиот начин на донесување на законите. Пратениците ја изгласаа таа стратегија и го прифатија тоа. Повторно доаѓаме со таква ситуација на донесување на закон кој не овозможи јавна дебата и експертите да си го кажат своето мислење и не се направи анализа што ќе донесе овој закон. – рече Ивановска.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.