Ивановски без финале на турнирот во Тунис

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски загуби во полуфиналето ИТФ фјучерсот во Монастри, Тунис.

Подобар од Ивановски денес беше Федерико Џанаконе од Италија со 2:0, по сетови 6:2 и 6:4.

Наградниот фонд на овој фјучерс во Тунис изнесува 15.000 долари.