Ивановски до Бочварски: Остануваме слепо црево во Европа во инфраструктурата

55

Претседателот на Комисијата за транспорт Синиша Ивановски, во вечерашната „Топ тема“ на Телма телевизија истакна дека Македонија е слепо црево на Европа во инфраструктурата, како и тоа дека три години не слушнавме за процент на реализација, ниту точни рокови кога ќе се завршат инфраструктурните проекти.

Ние остануваме слепо црево за жал тоа е изразот, во Европа од аспект на инфраструктурата, повторно слушаме милион причини зошто не можеме, а зошто господине Бочварски не и дадете на јавноста барем некаков груб рок кога би бил готов автопатот Кичево-Охрид, ВМРО-ДПМНЕ дури во својата изборна програма имаше рок на завршување до 2018 година, посочи Ивановски.

Ивановски го даде за пример автопатот „Арбен Џафери“ кој води до Приштина кој што е со слична должина како автопатот Кичево – Охрид со слични карактеристики кој што е завршен за многу покус временски период.

-Ние не слушнавме три години колкав е процентот на реализација на автопатотот Кичево-Охрид, а она што се гледа на терен е дека прогрес на тој автопат нема, оправдување нема за овој автопат и треба да се даде разумен рок пред јавноста кога истиот ќе биде готов, посочи Ивановски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.