Ивановски не успеа да се пласира во полуфиналето на Вимблдон за јуниори

Македонскиот тенисер Калин Ивановски не се најде помеѓу четворицата најдобри тенисери на јуниорскиот дел од Грен слемот Вимблдон.

Македонецот попладнево загуби од Шпанецот Педро Роденас (Шпанија) со 2:1.

Во меч што траеше два часа, Ивановски го доби првиот сет со 6:3, вториот го загуби на тај-брејк со 6:7 (5:7), а третиот со 4:6.

Роденас во полуфиналето ќе се сретне со Хрватот Мили Пољичак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.