ИВЗ: Заев е огромно раочарување и „трчи-лажи“

Членот на Исламсакта верска заедница, Муамер Весели, во средата истапи со остра реторика кон Владата и кон судството, ден по настаните во ИВЗ каде што со полиција имаше обид за смена на реисот Сулејман Реџепи.

Меѓутоа Весели истакна дека документите со кои требало да биде сменет се фалсификат и одлуката на судот во крајна мера скандалозна.

„Со оваа Влада може да има сѐ, но само судство не може да има. Покорумпирано судство од ова немало во историјата, од 1991 година па наваму. Го споменуваме Заев, го споменуваме и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а директорот за односите со верски заедници не го признаваме“, изјави Весели.

На денешната прес-конференција Весели го критикуваше и премиерот Зоран Заев и Министерството за внатрешни работ за последните случувања во ИВЗ.

„За исламската верска заедница, Зоран Заев е преогромно разочарување, и човек кој е ‘трчи-лажи’. Тој не може да ја претставува правната држава, да го спроведе Уставот и законите. Тој треба да се опамети. Подготвени сме да се соочиме со овој срам кој го направи Владата. ИВЗ од Зоран Заев ниту барал, ниту бара, ниту ќе бара некаква услуга“, истакна денеска Весели, огорчен по последните случувања во ИВЗ.

За вчерашните случувања во ИВЗ се огласи и градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко кој посочи дека е против чинот на преземање на власта со насилство.

„Овој чин мора да биде осуден. ИВЗ како верска институција на исламската вероисповед треба да е автономна и како независна, внатрешните проблемите треба да ги решат автономните органи на ИВЗ. Чинот на преземање на власта употребувајќи насилство го нарушува уставниот поредок и демократските процеси на една земја“, нагласи Мерко.

Потпретседателот и пратеник на СДСМ, Мухамед Зекири, подолго време јавно се занимава со ИВЗ и со реисот Сулејман Реџепи.

Не штедејќи на навреди против Реисот Сулејман Реџепи, тој користеше и лични навреди кон него од собраниската говорница, но и сите други форми за јавна комуникација, нарекувајќи го „заштитена мечка“, „резил улема“ и „ѓавол“.

Долгите преписки и повикувања, резултираа со судско решение по кое Скендер Буџаку вчера се повика како нов поглавар на ИВЗ, а Ријасетот се повика на автономија и застана зад Реџепи.

Многумина во ова препознаваат кулминација на судирот на СДСМ со ИВЗ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.