Пендаровски: Имаме државен консензус дека Македонија треба што поскоро да ги почне преговорите со ЕУ (видео)

Кај претседателот Стево Пендаровски се одржува лидерска средба откако на Самитот на ЕУ пред неколку дена не беше одреден датум за почеток на пристапните преговори на нашата земја. Главна тема се предвремените парламентарни избори, предлог што вчера го даде премиерот Зоран Заев.

На лидерската присуствуваат лидерите на СДСМ, Зоран Заев, на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на ДУИ, Али Ахмети, на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, на „Алтернатива“, Африм Гаши и на Движењето „Беса“, Билал Касами.

Изјавата како што рече Пендаровски е по првиот дел од средбата. По оваа изјава средбата продолжува по втората точка за предвремени избори.