Изјавите од Fed го поддржаа доларот, закрепнување на рубљата по најавата на Путин

Американскиот долар зајакна во четвртокот во однос на најважните светски валути потткрепен од изјавите на функционерите на американската централна банка Federal Reserve (Fed) за можното поагресиввно подигнување на каматните стапки поради сузбвивањето на инфалцијата, а кој доларод зајакна рубљата по најавата на рускиот претседател Владимир Путин дека земјите коишто ѝ воведоа санкции на Русија гасот ќе мора да го плаќаат во руската валута.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската кон другите шест најважни светски валути, во тргувањето рано попладнето во четвртокот беше во позитива од 0,16 отсто во однос на затворањето на тргувањето ден претходно, на 98,776 бодови.

Истовремено курсот на еврото се лизна за 0,2 отсто, на 1,0983 долари. Во истиот процентен минус беше и британската фунта, на 1,3178 долари.

Доларот зајакна и кон јапонскиот јен, и тоа за 0,42 отсто во однос на затворањето на тргувањето во средата, и со него се тргуваше во четвртокот рано попладнето по 121,66 јени. Со тоа јенот петти ден со ред слабее во однос на доларит, допурајќи ги најнискиот нивоа од 2015 година, погоден дека јапонската централна банка BoJ ќе каска по другите водечки централни банки во заострувањето на монетарната политика.

Функционери на Fed сигнализираа во средата дека би можеле да прерземата поагресивно мерки со цел да ја сузбијат инфлацијата во САД, вклучително и можно зголемување на каматните стапки за половина процентен поен на идната седница на челниците на банките во мај.

„Силните повторени пораки од Fed врзани со очекувањето на зголемувањето на каматните стапки главно одеа во пролог на доларот во однос на валутите со низок принос, за чиишто централни банки се очекува дека значително ќе заостануваат зад Fed во заострувањето на монетарната политика“, напиша Ли Хардман, валутен аналитичар во MUFG, во белешката за клиентите.

Во фокусот на пазарите е доаѓањето на американскиот претседател Џо Бајден во Брисел, каде што во четвртокот подоцна треба да учестува на ри самита: на НАТО, Г7 и на Европската унија посветени на кризата во Укрина. Се очекува дека на дводневниот редовен пролетен самит на ЕУ главна тема ќе биде енергијата, откако руската офанзива во Украина доведе до рекордно високи цени на енергенсите иако тие на тие историско рекордни нивоа беа уште ланската есен поради лошото менаџирање со гасните резерви во Европа. Меѓутоа, главна пречка за водување на забрана на увозот на руска нафта и гас, според примерот на САД, е големата зависност на најголемиот дел членки и најголемите економиии во ЕУ од руските енергенси.

Руската валута по консолидирањето во однос на доларот во средата, во четвртокот се стабилизирше на околу 96 рубљи за долар, продолжувајќи го закрепнувањето, а поддржана од изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека „непријателските“ држави дека рускиот гас во иднина ќе го плаќаат во рубљи. Измената во плаќањата за гасот ја најави во средата доцна попладнето на средбата на потесниот кабинет на владата.

„Таквата најава го истакнува постојаниот ризик од натамошните нарушувања за еврооските економии поради судирот во Украина. Долготраен судир посилно би ги притиснал европските валути“, оценува Хардман од MUFG.

Во однос кон доларот, рубљата зајакна за 1,6 отсто во однос на затворањето на тргувањето во средата, на 95,16 рубљи за долар. Зајакна и за 2,2 отсто кон еврот, коешто сеега чини 105,66 рубљи, со што руската валута значително се оддалечи од рекордно ниските новоа забележани претходно во март на пазарот во Москва, кога за еврото требаше да се издвојат рекордни 132,4 рубљи. Но и натаму е далеку од новото од околу 90 рубљи за евро, колку што чинеше пред почетокот на војната во Украина.

Европтп зајакна за 0,1 отсто во однос на швајцарскиот франк, на 1,02575 франка. На движењето на курост на франкот значително не влијаеше денешната одлука на Швајцарската централна банка (SNB) да ја задржи постојната каматна стапка од мунис 0,75 отсто, за разлика од другите централни банки кои започнаа да ги зголемуваат каматните стапки за да ја сузбијат високата инфлација.

На пазаорт на криптовалутите вредноста на биткоинот беше главно стабилна, на околу 43.100 долари.