Избегале двајца затвореници од Идризово, биле пронајдени со пари кај нив

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба денеска околу 15.45 часот на ул.”Орце Николов” во Скопје ги лишиле од слобода Б.О.(56) од Гостивар и Е.М.(29) од с.Франгово, струшко.

-Околу 14.30 часот тие избегале од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде што издржувале затворски казни. Б.О. бил осуден на казна од 11 години и 8 месеци за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а има за доиздржување уште пет години, додека Е.М. бил осуден на казна затвор од девет години за сторени кривични дела по член 215 и член 396 од Кривичниот законик и има за доиздржување уште четири години од казната.

Тие биле со патничко возило и кај нив биле пронајдени и одземени 120.000 денари. Лицата ќе бидат спроведени во казнено-поправната установа за доиздржување на казните, информира МВР.