Избегната блокадата на владата на САД

Американскиот Конгрес го одобри ноќта кон петокот по средноевропско време предлог-законот за финансирање на владата, со што е избегната потенцијалната блокада на сојузните служби.

Откако челнциите на републиканците и на демократите во Конгресот постигнаа договор пред истекот на крајниот рок во петокот, Сенатот со 69 гласови „за“ и 28 „против“ овозможи финансирање на влдата на сегашното ниво до 18-ти февраури. Сенатот гласаше само неколку часови откако мерката ја одобри долниот дом на американскиот парламент Претставничкиот дом, каде имаше 221 глас „за“ и 212 „против“ со само еден глас од републиканците.

Неколку републикански сенатори изјавија дека нема да се согласат со споменатиот предлог на законот доколку не се гласа и за амандманот за ујинување на средствата за администрацијата на претседателот Џо Бајден за спроведување на задолжителната вакцинација или тестирањата на некои работници на Covid-19.

„Задолжителното вакцинирање ќе предизвика губење на работните места во Канзас за стотици илјади луѓе. Тука станува збор не само за блокадата на владата, туку за блокада на економијата“, изјави сенаторот Роџер Маршал.

„Мило ми е што на крајот надвладеаја оладените глави, владата останува отворена“, рече челникот на мнозинството на Сенатот, демократот Чарлс Шумер.

Доколку договорот не беше постигнат, тоа ќе значеше дека околу милион постојано вработените и хонорарци кои работата за сојузната влада престануваат да го извершуваат активностите, бидејќи нема од каде да бидат платени.

Меѓутоа, Конгресот сега се соочува со уште еден временски рок. Сојузната влада, имано, се приближува до лимитот за задолжување од 28,9 билиони долари. Министерството за финанси проценува дека лимитот би можел да биде досегнат на 15-ти декември, а доколку не се успее да биде продолжен или укинат тоа би резултирало со катастрофа, бидејќи владата не би можела да ги исполни своите обврски во врска со отплатата на долгот.

Од 1980 година американската сојузна влада беше „затворана“ 21 пат, и тоа најчесто во време на администрациите на демократските претседатели, подари недостиг од договор за буџетот. Последен пат беше затворена во 2018 година, бидејќи Конгресот не успеа да го усвои буџетот поради спорот со тогашниот републикански претседател Доналд Трамп за финансирањето на ѕидот на границата со Мексико.

Кога американската сојузна влада прогласува „затворање“ вработените кои не се неопходни за работа на агенциите заминуваат на принуден одмор. Во тој случај, меѓу другите, престануваат да работат лекарите, медицинските сестри, војнциите, полицајците, како и припадниците на Агенцијата за безбедност во сообраќајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.