Избегнувајте маски со вентил, носете трослојни платнени и медицински маски

Избегнувајте маски со вентил. Низ вентилот, кога издишуваме, во млаз се исфрлаат ситните капки коишто го содржат вирусот! Носете платнени маски (најдобро трослојни) за да се заштитите себеси и сите околу вас од ковид-19, напиша на својот ФБ профил сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска.

Носете медицински маски, посочува таа, ако имате: ковид-19, се грижите за лица болни од ковид-19, имате над 60 години, или хронично заболување.

-Да останеме безбедни и да се заштитиме од ковид-19. Чувајте се! – потенцира Ѓоргиевска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.