Избоден писателот Салман Ружди на предавање во Њујорк

Англо-индискиот романсиер и есеист Салман Ружди бил нападнат на настан во Њујорк. Маж упаднал на сцената во Институтот Чаутаука и почнал да го удира и прободува Ружди додека го претставувале. Ружди паднал на подот, а потоа го однеле од сцената. Напаѓачот бил задржан, пишува Б92.

Ружди денеска требало да одржи предавање во Њујорк. Контроверзниот автор и порано предизвикувал силни емоции кај публиката. Неговата книга „Сатански стихови“ беше забранета во Иран во 1988 година бидејќи многу муслимани ја сметаат за богохулна. Една година подоцна, починатиот ирански водач Рухолах Хомеини издаде фатва, или указ, повикувајќи на смрт на Ружди.

Понудена е награда од над 3 милиони долари за секој што ќе го убие Ружди.

Иранската влада одамна се огради од декретот на Хомеини, но чувствата на гнев кај луѓето остануваат. Во 2012 година, полуофицијална иранска верска фондација ја подигна наградата за Ружди од 2,8 милиони долари на 3,3 милиони долари.

Во тоа време, Ружди ја отфрли заканата, велејќи дека „нема докази“ дека луѓето се заинтересирани за наградата за негова ликвидација. Истата таа година Ружди ги објави мемоарите „Јозеф Антон“ за фатвата.

Веста за овој инцидент ја коментираше и познатиот британски новинар и автор Морган Пирс на Твитер.

„Писателот Салман Ружди, предмет на тековната фатва од Иран за неговата книга „Сатански стихови“, која наиде на многу смртни закани во текот на годините, е избоден на сцената во Институтот Чаутаука во Њујорк“, напиша Пирс.