Избоден затвореник од Идризово

Затвореник во Казнено-поправната установа Идризово вчера бил избоден со остар предмет по расправија со друг затвореник.

Министерството за внатрешни работи во денешниот билтен информира дека инцидентот е пријавен во СВР Скопје вчера во 20,05 часот.

Според пријавата, 42-годишен Б.Р. од село Студеничани бил повреден околу 18,30 часот во една од ќелиите откако претходно имал расправија со затвореникот С.Б. (35).

Повредениот е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.