Избоден затвореник во Идризово, го нападнала група осуденици

Осуденик од затворот Идризово бил избоден со остар предмет, информираше МВР.

Имено, вчера околу 20.30 часот од КПУ Идризово во СВР Скопје било пријавено дека околу 19.25 часот во затворениот дел од установата повеќе осудени лица го нападнале осуденикот Е.С.(33). Притоа, еден од осудениците, со иницијали Б.А. со остар предмет му нанел повреда на Е.С.

Се работи на расчистување на случајот, соопштија надлежните.

Фото: МИА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.