Изборен поткуп во Геге – упасени две лица (ФОТО)

274

Поткуп на ромското население се случува во овој момент во Ѓорче Петров, известува Курир.мк.

Имено според нашите информации во овој момент во населбата Даме Груев попозната како Геге полицијата приведе две лица поради поткуп на граѓаните.

Според информациите станува збор за поткуп за гласање за градоначалник на градот Скопје.

Денеска (30.10.2021) околу 14 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.З. (59) и  А.С. (63) од Скопје кои во скопската населба Даме Груев давале пари во замена за глас на локалните избори односно вршеле кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“.

На лицата на кои им давале пари за глас им земале копии од лични карти, а при приведувањето кај нив се најдени пари и други предмети.
Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.