Избори и заборавената Атиџе како слика на нашата валкана, превртлива и злобна с(о)вест

Што ми значи кој ќе победи на изборите, кога треба да продолжам да живеам во општество на лажливи и превртливи корумпирани идиоти? Што се’ не сменивме – тие преживеаја, како лебарки, а за нив знаеме, ќе преживеат и нукеларка. Тогаш, за кого и за што е сево ова? Само заради НАДЕЖ? Да, имам надеж и верувам! Затоа гласам!

Како и по обичај, потпросечното егзистенцијално еморфно ендемско битие на овие простори, кое најчесто е во форма на волвокс, уште еднаш покажа дека, општо, ние сме најобични позери, фејкери, лоши актери, неемпатични, зајадливи, злобни, користољубиви. Ние сме во најдобро светло кога треба да одлумине некакво хумано дело, љакт на добрина, и тоа го глумиме за Оскар.

МИЗЕРИЈА

Кога ќе се снима филм за најлажливите и најрасипаните суштества кои живеат  во една држава, ние ќе бидеме колективни лауреати. Оскар во сите номинирани категории! Од кај да почнеш, од партиските полтрони или од дежурните моралисти и светата твитер ем фејзбук инквизиција која самобедисано и умислено глуми дека е моралниот компас на општеството, а во суштина се куп анонимна бедотија кој целиот свој интелектуален потацијал го посеруваат и пуштаат во ќенефот на нинвата партиска им структура. Синергично и трансцедентално поврзани едни со други, кога би биле споредени со некој филм, тоа би бил филмот Човечката Стоногалка (The Human Centipede).

Сите заборавивте како се „падавичаревте“ за Атиџе, не за друго, не за приказната нејзина, не за она што го прави, туку оти во тој миг беше највисоко на гламурот, што сите инфлуенсерки и подлизурковци заедно нема да можат да го постигнат за целиот свој живот. Ние, како перверзни љубители на внимание, (со се мене на чело), се потепавме да се докажаме кој се ќе и’ помогне на жената и на крај никој и ништо. Нејзините соработници од документрецот најреално и помогнаа со куќата и толку. Другото не го коментирам затоа што бизнисмените кои и потрчаа на помош се истите гадинки кои so децении се љангарат со трчи-лажи, обидувајќи се да ја зачуваат менталната хигиена вовлекувајќи се во партиските анални отвори низ сфингетрот на моќта. И што на крај?!?! Клето копрофагично дебилче, со кое делам воздух на овие простори, и ги украл пчелите!?!? Читам веста 20 пати – вџашен! Сепак неколку пчелари и подариле легла со матици!?!?

МИЗЕРЕРЕ

Па како не утнуваат метеорите? Зошто? Се направивме да бидеме избришани од лицето на земјава. Какви лигави суштества од мочуриштата сме, ни Дарк Јуниверз не може да не опише во некоја од франшизите. Така и за овие избори, купишта разни партии со со уста преполна лајн… ветувања, што сФе ќе направеле за земјата, народот. Да исто како со Атиџе, сега се накотија инсектите и паразитите да изцицаат што се може, а нема подброи послатко  од упикување у парламнет. Замисли да си некој Стојко, ни ден работа ни ден потење, освен партиско лигавење и две децении да цицаш народни пари, без било каква корист од било кого, а глумиш нешто уцапан во парламент. Пратеник е јебозовен повик! Но, колку што се виновни тие, толку и вие, кои ги гласате! Немој да цвилите дека некој ви е виновен. Самите сте, со децении биравте коримпирани и неспособни оти во нив се препознавате себе и со надеж дека и вие исто така ќе се упаразитирате како и они во симбиоза додека не го умрете организмот – земјава. Затоа пак ли ќе доживееме се за Атиџе = Народот, а после ќе му ги крадеме пчелите па ќе чекаме некој милостив да ни подари ситно за да може да преживееме?

Што би рекол Тони од Загреб – гласај, пизда ти материна, гласај!

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.