Избори на Косово: Релативна победа на националистите

Косовските националисти, или таканаречената коалиција на „военото крило“, се релативно победници на косовските парламентарни избори, но поради анимозитетите ги очекува речиси невозможна мисија за составување на владејачката коалиција со другите партии.

Српската листа освои малку повеќе од пет отсто од гласовите. Излезноста воопшто беше изразено ниска, малку над 41 отсто од гласачите, што се толкува со разочараност во политичарите, кои воопшто не започнаа да ги решаваат прашањата како што се високата стапка на невработеност, големиот процент на сиромаштијата, корупцијата и злосторствата

Коалицијата предводена од Демократската партија на Косово (PDK) на косовскиот претседател Хашим Тачи, освоила 34,7 отсто од гласовите. Во оваа коалиција којашто произлегува од „военото крило“, наречена PAN, покрај DPK, се и Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај, Иницијативата за Косово на Фатмир Љимај и девет помали партии.

Се очекува дека оваа политичка групација ќе го номинира за премиер поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК – UCK), Рамуш Харадинај. Меѓутоа, нему ќе му бидат неопходни сојузници, а во Приштина малкумина веруваат дека некоја од другите две големи политички партии ќе го прифати.

Радикалната партија Самоопределување освоила 26,7 отсто од гласовите, а Демократската лига на Косово (LDK), на досегашниот премиер Иса Мустафа – 25,8 отсто од гласовите.

Самоопределување е најрадикалната политичка групација во поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија, којашто во 2008 година еднострано со поддршка на САД и главните земји од ЕУ прогласи независност од Белград. Самоопределување (Vetevendosje) е во постојан судир со PDK и LDK и се спротиставува на секој нивен потег во парламентот последните три години, а организираше и фрлање солзавец во парламентот со цел да ги прекинува седниците. Оваа група ги обвинува своите опоненти за тешка корупција.

Во Косово на власт досега беше големата коалиција на партиите на Тачи и Мистафа, меѓутоа сега се чини оти е малу веројатно дека тоа може да се повтори. Партијата на Тачи во април се повлече од коалицијата со што го турна премиерот Мустафа и ги предизвика предвремените парламентани избори одржани во неделата.