Избори треба да има кога ќе се создадат услови, а не кога на СДСМ му одговара

Избори треба да има кога ќе се создадат услови, а не кога на СДСМ му одговара, рече Ивон Величковски, иницијатор на движењето Нова република на гостувањето на емисијата Само вистина на телевизија Канал 5. Во контекст на актуелната ситуација тој се осврна и на економските мерки.

-Мерките во делот на економските последици од корона вирусот се крајно недоволни и несоодветни, рече Величковски

Според него тоа се гледа од малата бројка на правни лица кои побарале помош.

Владата да понуди и уште неколку сета мерки, ефекти ќе нема затоа се брза за избори. Изборите треба да бидат онолку брзо колку што овозможува состојбата, а не онолку брзо колку што им треба на СДСМ. Дополнително ќе следи и разгледување каде и за што се трошени парите во овој период. Поради ова дополнително не им одговара да се чека вистинскиот момент за избори и затоа им се брза, рече Величковски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.