Избори во Невада: Две гласања но само едно се признава, а победник ќе биде Трамп

Во трката за републикански кандидат за претседателските избори во ноември во САД, во која се спротивставуваат поранешниот претседател Доналд Трамп и неговата поранешна амбасадорка во Обединеите нации, Ники Хејли, следна станица е сојузната држава Невада, каде конзервативните гласачи ги имаат сите причини да бидат збунети.

На републиканците таму им се нуди не само една опција, туку две: во вторник ќе се одржат класичните прелиминарни избори, а во четврток собирот на гласачите (кокусот). Причината за оваа невидена конфузија лежи во одлуката на поранешниот демократски гувернер на Невада, Стив Сисолак, кој во 2021 година потпиша закон со кој „кокусите“, кои со години се организираат во оваа сојузна држава, се заменуваат со прелиминарни избори.

Само во четири сојузни држави – Ајова, Невада, Вајоминг и Северна Дакота, одлуката за претседателските кандидати се носи во помалку застарените таканаречени изборни колеџи, односно собири на избирачите.

Разликата е во тоа што прелиминарните избори ги организира сојузната држава и гласачите можат да гласаат каде и да е, во секое време и на кој и да е начин, на пример со опција за гласање по пошта. За разлика од тоа, „кокусот“ е организиран од партијата и подразбира физичко присуство на гласачот со легитимација в рака, на одредено место и во одредено време.

Но, Доналд Трамп, чии поддржувачи сметаат дека гласањето од далечина е мамење, добро знае дека тие ќе бидат повеќе наклонети кон изборниот колеџ.

 

Изборот е на собирот на гласачите

Републиканската партија во Невада, која Трамп целосно ја контролира, се откажа од прелиминарните избори во државата и ќе одржи собир на избирачите два дена подоцна. Покрај тоа, партијата им забрани на сите кандидати кои ќе учествуваат на изборите во вторник да учествуваат на изборите во четврток.

Резултатот на тоа е дека Ники Хејли ќе биде кандидат на прелиминарните избори во вторник, но на тоа избирачко ливче ќе го нема Трамп. Доналд Трамп ќе биде кандидат на изборниот колеџ, но противкандидат нема да биде Хејли.

За нејзина жал, само гласачите од собирот на избирачите (кокусот) ќе одлучат кој ќе ја добие поддршката од делегатите од Невада, а со тоа веќе се знае дека Трамп ќе ги стави в сопствениот џеб. Поранешниот претседател без вистинистост беше обвинет дека ги променил правилата во негова полза.

„Нема смисла да учествувам во изборниот колеџ. Не можам да гласам за мојот кандидат. Тие практично ме обесправуваат. И тоа се случува во мојата Републиканска партија. Јас сум ужасно несреќен“, се пожалил Чарлс Фрут, поддржувач на Ники Хејли, за дневникиот весник Las Vegas Review.

„Изборниот колеџ е затворен и купен одамна. Но, ние ќе се фокусираме на праведни држави“, изјави Хејли, којашто сѐ повеќе ја добива поддршката од мејнстрим медиумите кои се наклонети на Демократската партија, а истовремено од приврзаниците на Трамп е обвинета дека нејзиниот сопруг добил вносни договори со компании од воениот сектор кои се донатори на Демократската партија на Бајден.

 

Клучна сојузна држава

Оваа контроверзност остана во голема мера незабележана во Соединетите држави, бидејќи најголем дел од политичкото внимание е насочено кон републиканските прелиминарни избори на 24-ти февруари во Јужна Каролина. Педесет идвегодишната Хејли се надева дека ќе ја намали предноста на нејзиниот 77-годишен ривал на изборите.

Даниел Ли, политиколог од Универзитетот во Невада, во Лас Вегас, ја потврдува ефективноста на претпочитањето на Трамп кон електоратот.

„Учесниците на изборниот колеџ се издвојуваат по својот ентузијазам, тие се навистина ентузијасти и активисти, тие се подготвени да го жртвуваат своето време за да одат да гласаат во некоја миризлива сала. Ова е типична карактеристика на поддржувачите на Трамп“, изјави Ли за AFP.

Прелиминарните избори на Демократската партија во Невада, исто така, ќе се одржат во вторник, но без голема неизвесност. Џо Бајден е во трка против Маријана Вилијамсон и Дин Филипс, двајца кандидати кои само статираат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.