Изборите треба да бидат фер и слободни и да има доволно време за кампања

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, на прес-конференција денеска порача дека ќе контактира со македонските власти за гаранции дека има доволно време за изборна кампања и дека изборите ќе бидат фер.

Ја видов најавата на владата дека има намера да одржи избори на почетокот на јули, треба да ги погледнам деталите, она што засега можам да го кажам е дека изборите треба да бидат фер и слободни и да има доволно време за кампања, можност за партиите да водат кампања. Треба да видиме и како ова може да се имплементира под ковид правилата, ќе го отворам ова прашање со македонските власти затоа што е многу важно да се обезбеди дека изборите ќе бидат целосно фер – рече Вархеји.

Еврокомесарот најави дека преговарачката рамка за Македонија и Албанија ќе биде објавена „во наредните денови“ и дека целта на Европската Комисија е прашањето да се стави на масата на министрите за европски и надворешни работи на ЕУ идната недела.

Извештаите за напредокот на земјите од регионот се одложени за есен.