Избран најдобриот судија на Светското првенство во Катар

Италијанскиот фудбалски судија Даниеле Орсато, е прогласен за најдобар судија на неодамна завршениот Мундијал во Катар.

Орсато на Светското првенство судеше на три натпревари. На Италијанецот му припадна честа да биде арбитар на отворањето на првенството кога домаќинот Катар е поразен од Еквадор со 2-0. Истиот резултат го имаше и на мечот Аргентина – Мексико, кога тој ја делеше правдата.

Последниот меч на Орсато на Мундијалот беше помеѓу Аргентина и Хрватска, каде што „гаучосите“ беа убедливи и со победата од 3-0 влегоа во финалето.