Избрана фирма за уривање на дивоградбите во Охрид, но не знаат колку објекти ќе рушат

Општина Охрид ја заврши постапката и избра фирма која ќе треба да ги урне сите дивоградби кои имаат решение за уривање. Сепак, од Општината не кажуваат колку такви решенија се издадени.

-Општината избра економски оператор за рушење на дивоградбитекој ги исполнува условите и критериумитепропишани во објавата и испратено е известување до истиотНаредната седмица се очекува да се склучи договорсо избраниот економски оператор. Во овој момент нашиот одговор е дека Инспекциските служби се постојано натеренбројот на предмети со утврдени отстапувања од Законот за градење секојдневно варира и не можеме дасоопштиме точна бројка на издадени решенија за отстранување на бесправно изградени објекти – велат од Општина Охрид.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.