Избрана новата ДИК, Александар Даштевски претседател

Собранието со 95 гласа го избра новиот состав на Државната изборна комисија. За претседател е избран Александар Даштевски на предлог на ВМРО-ДПМНЕ.

Потпретседател е Дитмире Шеху од ДУИ, која и досега беше на оваа позиција во ДИК.

Од редовите на СДСМ нов мандат добија Борис Кондарко и Радица Ристеска, а член стана и поранешниот министер за правда Оливер Ристевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ за член на ДИК е избран и Бобан Стојаноски, пратеник.

Од Алијанса на Албанците член е правникот од Струга Лога.