Избрани годинашните добитници на наградата „11 Октомври“

Одлуката ја донесе Одборот за доделување на државната награда на неговата последна седница под претседавтелство на академик Митко Маџунков, а стапува во сила од денот на донесувањето и ќе биде објавена во „Службен весник на РМ“.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 Октомври 2016 година (вторник) во 12 часот во Собранието на Република Македонија.

Државната награда „11 Октомври“ претставува највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.