(ФОТО) Избрани идејните решенија за плажи на Охридското езеро кај Дебарца

 

Заврши анкетата на Министерството за транспорт и врски на која граѓаните можеа да гласаат за вкупно пет идејни решенија за плажа на Охридско Езеро во општина Дебарца, кои пристигнаа на конкурсот за изработка на идејно архитектонско – урбанистички решенија за уредување плажата, објавен од Министерството за транспорт и врски.

3

Согласно резултатите од електронското гласање, од вкупно 3.072 гласови, идејното решение бр.1 доби 21% од вкупниот број на гласови, идејното решение бр.2 доби 14% од вкупниот број на гласови, идејното решение бр. 3 доби 56% од вкупниот број на гласови, идејното решение бр. 4 доби 7% од вкупниот број на гласови, а идејното решение бр. 5 доби 3% од вкупниот број на гласови.

5

Сите идејно архитектонско – урбанистички решенија за уредување плажи можеа да се видат на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски www.mtc.gov.mk

6

Во наредниот период Министерството за транспорт и врски ќе донесе Решение за доделување на награда, како и за исплата на трошоци за останатите идејни решенија.