Избрани претседатели на основни и апелациски судови

Судскиот совет на седницата одrжана во петокот избра нови претседатели на основни и апелациски судови.

За претседател на судот во Ресен е избрана Емељ Кранли Али, а Снежана Манев е избрана за нов претседател на кумановскиот Основен суд, а Хасан Асан е избран за претседател на тетовскиот Основен суд. За Основниот суд во Дебар, пак, не беше избран претседател.

Наке Георгиев е избран за нов претседател на штипскиот Апелационен суд, а Александар Камбовски едногласно е избран за судија во Битолскиот апелационен суд. За нови судии во апелацискиот суд во Скопје се избрани Тања Милева, Зоран Герасимовски и Алија Елези, додека Африм Фидани беше избран за судија на Врховниот суд.