Избрани трите најубави фотографии со мотиви од Скопје

Заврши третиот по ред конкурс за избор на најдобра фотографија со мотиви од Скопје.

Пристигнати беа вкупно 53 фотографии, а четиричлената комисија од Град Скопје, по долготрајно и студиозно разгледување на пристигнатите фотографии избра три кои во целост ги задоволуваа критериумите назначени во конкурсот. Пристигнатите фотографии содржеа најразлични мотиви од секојдневието и животот во нашиот град, но повеќето од нив отсликуваа  моменти од централното градско подрачје и тоа: Старата скопска чаршија, плоштадот „Македонија“ и градбите од проектот „Скопје 2014“ коишто се најживописни за фотографирање и се во фокусот на авторите на фотографии кои аплицираа на Конкурсот, велат од Град Скопје.

Најдобрата фотографија ја има направено Зоран Ефремов, кој ќе биде награден со 50 илјади денари, а воедно тој го освои и третото место, со што ќе добие уште 30 илјади денари. Наградата за втората од трите најдобри фотографии ја доби Ламбро Патче, кој ќе добие 40 илјади денари.

Прво место

111111111111

Второ место

222222

Трето место 

33333333

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.