Избрканата работничка од „Веро“ обвинува за закани и мобинг

Избрканата работничка од еден од маркетите на трговскиот синџир „Веро“ обвини во четвртокот на протесетот организиран од партијата Левица, дека е отпуштена додека била на боледување поради малолетното дете и оти отказот го добила усно на 5-ти јануари, што е спротивно на прописите.

Скопјанката Кети Лешко за новинарите уште рече дека откако ѝ завршило боледувањето се јавила на работното место каде што ѝ било речено дека немало потреба повеќе да доаѓа со обвинение дека лажела за дијагнозата на нејзиното.

Веднаш потоа од маркетот ме изнесе обезбедувањето, рече Лешко. Според неа, иако ја доставила целата документација за боледувањето и дијагнозата на детото, но се сомнева дека стаува збор за однапред подготвено сценариот, за на нејзината позиција да биде вреботено друго лица.

Потврди уште еднаш дека за отказот била усно информирана, односно воопшто не добила отказно решение во писмена форма, поради што и не може да поднесе жалба до надлежниот суд.

Лешко, исто така, рече дека неколку денови пред да обиде усно известена за отказот, ѝ бил вршен мобинг од страна на претпоставените со пораки по телефон, вознемирување и закани по што случајот го пријавила во трудова инспекција.

Исторемено со паролите „Доста бевме робови на газдите“, „Исправете се работници“ и „Работници кренете глас“, се одржа протестот на политичката партија Левица, пред „Веро 5“ во Скопје во поддршка на Лешко.

Претствниците на Левица велат истакнаа дека законот забранува отпуштање работници за време на одобрено отсуство заради болест или повреди, бременост, раѓање и родителство, нега на член на семејството и неплатено родителско отсуство. Законот налага отказот да биде врачен во писмена форма за да може работникот да поднесе приговор и потоа да поведе судски спор против одлуката на работодавачот. Но, и покрај тоа газдите си дозволуваат да не ги почитуваат правата на своите вработени.

„Веро маркети се поставува над законите на Република Македонија со овој акт. Во Македонија, работничките права не смеат да се игнорираат и ниту еден газда вклучително и Веро маркети, не смее да си дозволи да се постави над законите. Бараме од Веро маркети, под итно да ја вратат работничката на работа и да не ги прекршуваат работничките права во иднина. Бараме од трудовиот инспекторат да постапува согласно закон и да види кое прекршување на законот е извршено од страна на Веро маркетите“, изјави Здравко Савески, на протестот на Левица.