Издадени нови 4.481 потврди за барање азил

Двајца адвокати од Штип го оштетиле МВР со лажни побарувања

Во изминатото денонокие издадени се потврди на 4.481 странски државјани, од кои 2.060 се од машки пол, 914 се од женски, 1.195 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 312 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 2.311, Авганистан – 1.491, Ирак – 679, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19 јуни до вчера до 24 часот, издадени се потврди на 270.327 странски државјани, од кои, 158.085 се од машки пол, 41.543 се од женски, 56.405 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 14.294 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-164.683, потоа Авганистан-61.069, Ирак-23.145, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.311, Конго-514, Либан-434, Алжир-452, Нигерија-275, додека останатите се во помал број.

Изминатото денонокие до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Инаку, состојбата е редовна, при што не се забележани значителни промени или вонредни настани. На јужната граница има неколку илјади лица од кои се пропуштаат само мигранти од Сирија, Авганистан, и Ирак. На северната граница нема поголеми задржувања, а во транзитниот центар Табановце нема стационирано мигранти, стои во соопштението.