Издадени уште 1.064 потврди на мигранти

Нови 1.064 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил се издадени на мигранти во изминатото деноноќие. Такви потврди досега вкупно се издадени на 28.297 странски државјани.

Од издадените потврди на мигранти од осум часот вчера наутро до 8 часот изутрината, 672 се за лица од машки пол, 177 се од женски, 189 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, а издадена е и потврда на уште 26 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 967, потоа Пакистан 40, Ирак 33, Авганистан 19, а другите се во помал број.

Од вкупно 28.297 странски државјани  кои добиле потврда, 20.021 се од машки пол, 3.813 се од женски, 4.180 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, а 283 деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија 21.705, потоа Авганистан 1.964, Ирак 1.473, Пакистан 968, Сомалија 526, Палестина 435, Конго 285, Камерун 133, Еритреја 129, Нигерија 103, Етиопија 99, а другите се во помал број.

Од стартот на издавање потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 41 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда. Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за вчерашниот ден е евидентиран еден барател на азил (маж).

Мобилните тимови на Црвен крст вчера укажале прва помош на 112 лица, од кои 73 во Гевгелија, а кај 39 е интервенирано во Табановце. Дванаесет трудници побарале медицинска асистенција од мобилните тимови, две деца се транспортирани до гевгелиската Општа болница и за еден случај е повикана Итната медицинска помош. На Табановце и Гевгелија се дистрибуирани  816 шишиња вода,103 пакети за прва помош,113 пакети со храна, 43 хигиенски пакети за мажи и 45 хигиенски пакети за жени, стои во соопштението од МВР.

Исламска држава влезе во Македонија заедно со бегалците?!

Секојдневно стотици мигранти чекаат за да влезат во земјава. Откако беа донесени измените на Законот за азил на 18. минатиот месец, МВР до денес издало вкупно 28.297 потврди за барање азил на мигранти.

Најголем дел од мигрантите се Сиријци. По Сирија следи Авганистан, Ирак, Пакистан, Сомалија. Само во текот на вчерашниот ден биле издадени потврди на 775. Од почетокот на издавањето на овие потврди, пак, азил досега побарал само 41 мигрант.

Со измените на законот на азил делумно е подобрена евиденцијата на бројот на бегалци кои влегуваат во земјава, меѓутоа постојат и мигранти кои се уште илегално ја поминуваат границата.

Големи се шансите со бранот бегалци на територијата на Македонија да се инфилтрирале и приврзаници на групацијата Исламска држава, која во последно време упатува закани до балканските земји.

 

Поврзани вести:

http://netpress.com.mk/branot-na-migranti-nosi-novi-predizvici/

http://netpress.com.mk/elektronska-registracija-na-migranti-od-5-avgust/

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.