Американската Управа за храна и лекови (FDA) додаде во понеделникот ново предупредува за несакана последица врзана со вакцината потив коронавирусот на производителоте „Johnson&Johnson“, наведувајќи дека податоците сугерираат дека постои зголемен ризик од појава на ретко невролошко нарушување во шест седмици по вакцинирањето.
Во писмото упатено до компанијата, FDA навела дека шансите за појава на Синдромот Гијен-Баре (GBS) по вакцинирањето се „многу ниски“. Но додава дека тие кои ја примиле ваквината на „Johnson&Johnson“, би требало да побараат лекарска помош доколку почувствуват слабост, трнење, имаат потешкотии со движењето или со мимиката.
Околу 12,8 милиони луѓе ја примиле вакцината на „Johnson&Johnson“ во САД, а пријавени се 100 извештаи за GBS кај вакцинираните со овој препарат, вклучително и 95 сериозни случаи кои барале хоспитализирирање и еден потврден смртен случај.
Од „Johnson&Johnson“ соопштија дека разговараат со регулаторите за случаите на појава на Синдромот Гијен-Баре.
Синдромот Гијен-Баре (GBS) е ретка невролошка состојба во којашто имунолошкиот систем ја напаѓа заштитната обвивка на нерврните влакна. Повеќето случаи ги следи бактериска или вирусна инфекција, а повеќето луѓе целосно закрепнуваат.
Оваа состојба и во минатото веќе беше поврзувана со вакцинирањето, најмногу во текот на кампањата за вкацинирањето во време на избувнувањето на епидемијата на свинскиот грип во САД во 1976 година, а децении подоцна и со вакцината користена во текот на пандемијата на истиот – грипот H1N1 во 2009 година.
Според соопштението на американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC), оваа нуспојава се јавувала повеќето кај мажите и главно кај оние над 50-годишна возраст.
Новото предупредување претставува уште еден удар за вакцината на „Johnson&Johnson“, којашто требаше да биде важно орудие во вакцинирањето на жителите на тешко достапните области или на оние кои се двоумат, бидејќи е потребна само една доза од оваа вакцина и е поедноставна и да се чува отколку вакцините на „Pfizer“ и „Moderna“ кои се фаворизирани од странаа на западните земји.
Но употребата на вакцината на „Johnson&Johnson“ беше поврзивана и со појавата на ретки и потенцијално смртоносни крвни згрутчувања. Тогап американските регулатори објавија дека ползата од оваа вакцината ги надминува ризиците од појавата на тромбози.