Издадено „застрашувачко предупредување“ за емисиите на CO2

39

Глобалните емисии на јаглерод диоксид од енергијата годинава бележат зголемување од речиси 5 отсто, што е сигнал дека економското закрепнување од пандемијата на Covid-19 може да биде „сѐ само не одржливо“ за климата, објави во вторникот Меѓународната агенција за енергетика (IEA).

Глобалниот енергетски извештај на IEA за 2021 година предвидува дека емисијата на карбонскиот диоксид ќе се зголеми на 33 милијарди тони оваа година, што би претставувал раст од 1,5 милијарди тони од нивото од минатата 2020 година, во најголемиот поединечен раст по повеќе од една деценија.

„Ова е застрашувачко предупредување дека економското закрепнување од кризата со Covid-19 моментално е сѐ само не одржливо за нашата клима“, изјави извршниот директор на IEA, Фатих Бирол.

Годинешниот раст веројатно ќе биде поттикна со повторниот процут на користењето на јагленот во секторот електроенергетика, додава Бирол, за што се предвидува дека ќе биде особено силно во Азија.

Овој извештај треба да гио притисне и поттикне владите во светот да започнат да дејствуваат по прашањето на климатските промени. Американскиот претседател Џо Бајден ќе оддржи виртуелен самит со десетина светски челници во текот на седмицата за да расправаат за проблематиката во пресрет на глобалните разговори во Шкотска подоцна годинава.

Минатата година, кога потрошувачката на енергија се намали поради пандемијата на Covdi-19, емисиите на CO2 поврзани со користењетпо енергија паднаа за 5,8 отсто, на 31,5 милијарди тони, откако во 2019 година изнесуваа рекордни 33,4 милијарди тони.

Годишниот извештај на IEA ги анализира и најновите национални податоци ширум светоот, економските трендови на раст и новите енергетки проекти кои би требало да се појават онлајн подоцна.

Глобалната побарувачка на енергија би треабло во 2021 година да се зголеми за 4,6 отсто, најмногу благодарејќи на потребите на земјите во развој, што би можело да резултира со ниво над онаа во 2019 година, наведено е во извештајот.

Побарувачката за сите фосилни горива, исто така, бележи тренд на раст во 2021 година, со тоа што јагленот и гасот би требало да биде над нивот од пред-пандемиската 2019 година.

Очекуваниот раст на потрошувачката на јаглен го надминува користењето на обновливите извори на енергија за речиси 60 отто, и покрај забрзувањето на побарувачката на сончева енергија, енергија од ветерот и водата, Повеќе од 80 отсто од предвидениот раст во побарувачката на јаглен во 2021-та се очекува од Азија, предводена од Кина.

Побарувачката на јагленот во САД и во Европската унија, исто така, има тренд на растење, но ќе остане значително под нивото пред кризата, се наведува уште во извештајот на IEA.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.