Изет и Сања ги мамат, затоа ќутек (1)

Крај на колумната

Се замолува Младен Чадиковски сега да оди на состанок кај одредени бизнисмени и да им објасни дека ова се’ што го зборува Виктор Грозданов е така, ама не е баш така. А, Виктор Грозданов заедно со Антони Пешев, и тоа со документи, не на памет, само докажуваат дека измените во законот за животна средина кои ги презентирав носат само бркање на 100.000 работници на улица и пренос на целиот бизнис во соседните држави, генерално Косово (кое што патем појма нема што се случува со законов).

Епа Младене ќутекот излегол од рајот. Сам си знеш дали си заглавен многу длабоко и неможеш да излезеш? Освен ако признаеш кај Бојан Христовски во АНБ и можеби да се има милост. Затоа Ви смета. Демек немал документ. Хаха.

Зарем мислиш Младене дека не сум се консултирал со големи аналитичари (агенции) кои ги мерат сите текстови во делот на еко спасување, а всушност се уништување на Македонија, во која учествуваш ти лично? Технолошко знаење и надградба немаш, значи само едно…!

Изет Меџити, пак, веднаш да тргне на вежбање како се дигаат на клоци личности како Линдита Шаќири и Каја Шуковска. Само заинтересирај се другар Изет за проектот од ЕИБ за водомери. Башка за инвестиционата програма на МЗСПП, кои пак имаат добиено 50 милиони евра како кредит… И сега идеме до Горан као бивши директор на ЈКП од Гевгелија, па нешо ТЕХНОСКОП водоводни материјали и водомери, па ако се стават водомерите во општини каде што нема вода за пиење, парите одма ќе дојдат итн. Чив ли дечко беше тај Горан?

Изете Меџити реагирај одма да не се скараме непотребно. Знаеш дека Виктор те почитува!

Затоа Бојан Христовски, Панче Тошковски, Христијан Мицкоски, Изет Меџити и сите нормални да бараат веднаш апсење на поранешните пратеници Маја Морачанин и Ненад Коциќ и сите други вмешани. Ако молчите и не реагирате исти сте.

Да живее Македонија!

Морална дигресија пред колумната која е составена од смешен и трагичен момент. Ако не ги напишам значи се мразам самиот себе.

Смешниот: Данела Арсовска повеќе не и паѓало на памет да се кандидира за Градоначалник на Скопје. Па, добро ти кажа некој дека никој не те ни бара. Па, заради тебе сакаат цел изборен демократски систем да го сменат во делот на градоначалник. Те нарекуваат злобната плавуша. Ај што не е совесна „сестрава“, ама мора да биде свесна дека не е Штрумфета на која и пеат, Јас сум тој, Штрумфот на соништата твој итн. Патем ВМРО ќутат и дотураат полека ама сигурно, информации дека мандатот на Арсовска ќе заврши со скандал. Препорачувам одма да си даде оставка и да си оди дома, зошто од денес ја гледаат како потпис.

Трагичниот: Она што се случи во Нови Сад е убиство од алчност, лакомост и немарност. Она што мојот колега од ТМФ Игор, од една акредитирана лабаротрија за испитување на метали ми го кажа на визуелен пристап од Телевизија неколку дена претходно, го потврдува српски „Блиц“ во следниов текст:

https://www.blic.rs/vesti/hronika/zbog-cega-je-pala-nadstresnica-na-zeleznickoj-stanici-novi-sad-evo-verzije-tuzilastva/kdxl9p9

Почеток на колумната

На изјавата на сегашниот Претседател на Владата г-дин Христијан Мицкоски дека Македонија ќе мора да плати 450 милиони евра од арбитража, за која, многу паметно од негова страна не се изјасни бидејќи, веднаш изреагираа еко активисти дека тоа станува збор за рудникот Казандол и излегоа со теза дека некогашниот потпретседател на Владата г-динот Кочо Анѓушев договарал да се изгуби спорот и тоа со адвокатските канцеларии кои се вклучени.

Прво станува збор за адвокатската канцеларија од едната страна на Чери Блер, а од другата страна е една од најголемите амерички правни компании Whitecase. И Кочо Анѓушев договорил, а Христијан Мицкоски прифатил. Као да се договарале пред кооперација со по едно пиво и посебна салама, кашкавал и вегета у месарска хартија. Така сакаат да ги претстават.

Тоа е дел од една огромна кампања и во која учествуваат за жал директно и индиректно новинари, од кои едните многу разбираат, а другите се надеваат дека и они ќе разбираат, нормално финансиски, со што и нанесуваат енормна штета во делот на економијата, демографијата и интелектуализмот врзан со интелегенцијата.

Инаку еден голем аналитичар (умствено и овака) ме праша што после пресудата со Казандол.

Од Казандол започнува се’ и се’ завршува со него

Е, затоа мора веднаш да се вклучат сите безбедносни и правосудни служби и да расчистат со овие групации. Пред се’, мислам на Панче Тошковски и Бојан Христовски. Доказите се автентични и од нив нема бегање. Посебно ова важи за Бојан Христовски-АНБ. Искрено баш ми е гајле дали имал доказ за познавање на англиски јазик. Знае тој многу добро, ама знае и каде има програмчиња за превод од руски, ирански, бугарски јазик, другари Екологисти.

Изет Меџити и Сања Божиновска како министри мора да се совземат и да се сконцентрирааат на решавање на проблемот со злото кое доаѓа од дел активисти во име на заштита на животна средина (ЕКОЛОГИЈА), а кои се врзани не само со одредени политички структури, туку и со интереси на анти НАТО и анти ЕУ држави, кои имаат замисла да ја украдат оваа мила, а не мала земја за „два гроша“. За таа цел прво што наумиле е дека мора да ги направат следниве две работи:

  • Да внесат страв кон населението, а тоа е потврдено дека населението се плаши од непознато и од дезинформации поврзани со стравот;
  • Да ја дерогираат комплетно целата државна администрација дека е неспособна и корумпирана, се со цел да се наметнат како вреднуван фактор;

Ова што го зборам е поткрепено со факти кои автентично Ви ги пренесувам:

  • Сите материјали од Собрание (согласно информацијата што ја добив, подносители на овој предлог до Собрание се Маја Морачанин (ДОМ) и Ненад Коциќ (СДСМ);
  • Службен Весник бр.171, од 29.07.2022 во кој е објавена промената на Законот за заштита на животната средина;
  • Предлог за измена на Законот за животна средина и Пропратен допис се од Комората како одговор на оваа промена;
  • Пречистениот текст од Законот за заштита на животна средина.

Согласно промената, се додава нов став во членот 20 од Законот за заштита на животната средина (болдиран), целиот член 20 гласи:

Член 20

(1) На територијата на Република Северна Македонија се забранети следниве активности:

– градење или реконструкција на инсталации без добивање на дозвола и без притоа да сеисполнат утврдените норми и стандарди од системот за заштитата и унапредувањето наживотната средина,

– градење или реконструкција на нови инсталации од тешка и загадувачка индустрија (Г1) нарастојание помало од пет километри од населено место или заштитено природно подрачје,

– производство и увоз на превозни средства кои не ги исполнуваат условите пропишани заемисиите кај мобилните извори на загадување и на бучава и

– производство, постапување и испуштање на загадувачки материи и супстанции во животнатасредина, освен на начин и под услови пропишани со закон.

За појаснување за Г1 индустрија:

Г – РУДАРСТВО, ЕНЕРГЕТИКА, ИНДУСТРИЈА Г1 Производство на енергија и тешка и загадувачка индустрија Г1.1. Рударство и вадење на нафта и гас: градби и постројки за површински и подземни копови, каменоломи Г1.2. Базна и преработувачка хемиска индустрија: петрохемиска индустрија, рафинерии, коксари и плинари, производство на бои, производство на пестициди и вештачки ѓубрива, производство на биогориво, радиоизотопи Г1.3. Црна и обоена металургија: железарници, валавници, ливници, топилници на железо и челик, производство на лимови, кабли од цинк, бакар, алуминиум и легури Г1.4. Тешка градежна индустрија и производство на неметали: циглани, ќерамидници, гипсари, цементари, производство на керамика и други неметали, производи од азбест, преработка на дрво, целулоза и хартија, Г1.5. Индустрија за преработка на кожа, текстилна индустрија за преработка и боење на предиво Г1.6. Индустрија за преработка на каучук и гума, експлозивни производи и муниција Г1.7. Прехранбена индустрија: производство на месо и меснати производи, кланици, млечни производи, производство на екстрахирани масла, желатин, шеќер Г1.8. Базична фармацевтска индустрија, производство на сапун и детергенти Г1.9. Големи електрични централи: хидроелектрични централи, термоелектрични централи на јаглен, мазут, природен гас, јаловишта и пепелишта, нуклеарни електрани

Г – ПРОИЗВОДСТВО, ДИСТРИБУЦИЈА И СЕРВИСИ – Г1 тешка индустрија во која спаѓаат сите видови индустриски погони кои имаат големи енергетски барања, голем промет на суровини и материјали, создаваат голем обем на сообраќај и создаваат отпад и штетни еманации.

ОВА ЗНАЧИ СМРТ!

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес