Изетбеговиќ, Комшиќ и Радончиќ договорија коалиција на државно ниво и за Кантонот Сараево

35

Претседателите на СДА, Бакир Изетбеговиќ, на СББ, Фахрудин Радоњчиќ, и ДФ на Жељко Комшиќ, денеска договорија заеднички настап на државно и федерално ниво на власта, но и во Кантонот Сараево.

Претседателот на СДА, Бакри Изетбеговиќ, на новинарите им кажа дека е постигнат договор меѓу трите партии за коалицирање на ниво на државата, Федерацијата на БиХ, и во кантоните, вклучувајќи го и Кантотнот Сараево, јави Ал Џезира.

Изетбеговиќ кажа дека заменичките места во Советот на министри на БиХ ќе ги заземе СДА, соопшти агенцијата Анадолија.

Според него, премиерот на Кантонот Сараево ќе биде заеднички избор на трите партии, а СДА ќе има седум  министерски места, СББ три и ДФ две.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.