Изгаснат е пожарот што изутринава избувна во стан на осми 10 кат во зграда во скопската населба Карпош. Во пожарот нема повредени лица.
Благоја Менковски, командант на скопската Противпожарната единица изјави за МИА дека пожарот е предизвикан поради краток спој од преоптоварување на електричната мрежа или од заборавен електричен уред. Сопствениците на станот не биле дома во моментот кога избувнал пожарот.
– Противпожарната единица интервенираше со пет возила и пожарот е локализиран за 10-тина минути, рече Менковски и додаде дека огнот не предизвикал оштетување на соседните станови.
Увид на местото на пожарот ќе изврши екипа на СВР Скопје.