Изгаснат пожарот кај дебарското село Татар Елевци и депонијата во Могорче

– Се гаснеше во текот на целата ноќ, бидејќи пожарот се прошири и постоеше опасност по селото Горно Рајчица. Освен недостапниот терен, дополнително врз проширувањето на пламените јазици влијаеше ветерот. Но, со максимална ангажираност е локализиран, рече Ајроски.

Според него, во гаснењето биле вклучени дебарските пожарникари, вработени од подружницата „Стогово“ на ЈП „Национални шуми“, како и месно население.

– Зафатена беше површина од 40 хектари мешана дабова шума и сува трева. Во претходниот пожар пред дваесеттина дена, што беше над истото село беа опожарени 30 хектари, вели тој.

Упати апел до граѓаните да бидат исклучително внимателни за да не предизвикаат пожар. Доколку забележат сомнително однесување веднаш да пријават на 112 или во дебарската полициска станица.