Изгаснат пожарот кај кичевското село Туин

Изгаснат е пожарот што во средата вечерта избувна во атарот на кичевското село Туин, при што беше опожарена околу два хектарa нискостеблеста и деградирана шума и сува трева. Според Шумското стопанство „Лопушник“, по интеревенциите, пожарот е изгаснат и нема опасност од негово ширење и реактивирање.

-Пожарот кој пред три дена избувна во атарот на село Туин е целосно изгаснат, по интервенција на вработените од ШС „Лопушник“ Кичево. Со тоа спречено е негово натамошно ширење што можеше да предизвика опожарување и на селските куќи. Во гаснењето придонес има и високата влага на листот и пролетната вегетација во текот на ноќта, иајзви Анета Спасеноска, одговорна за пожари во Подружницата на ШС „Лопушник“ Кичево.

Поради тешко пристапниот терен, на пожарот не можеа да интервенираат специјалните возила за гаснење на пожари на ТППЕ Кичево.