Изгаснат пожарот кај „Комуна“, нема повредени

Во магацински простор кај старата скопска фабрика „Комуна“ избувна пожар, а дојавата во скопската Бригада за противпожарна заштита е примена во 4.55 минути. Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески за МИА изјави дека за кратко време пожарот е ставен под контрола, целосно е изгаснат и не е дозволено да се прошири во останатите објекти во кругот на фабриката.

Нема повредени, но е причинета материјална штета.

Томески информира дека по дојавата веднаш се упатени девет противпожарни возила со 20 пожарникари, а станувало збор за магацински протстор во кој била складарна пластика за понатамошна рециклажа.

– Карактеристично е што во кругот на фабриката и во објектите немаше функционална хидрантска мрежа, потенцираше за МИА командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески.

(МИА)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.