
Пожарот кој избувна во подрумските простории на зграда во скопската населба Ново Лисиче е изгаснат, а за среќа нема повредени.
Командантот на скопската пожарна, Благоја Менковски за Курир изјави дека противпожарните екипи по пријавата веднаш излегле на терен, при што пожарот е изгаснат, а за среќа нема повредени жители, ниту пожарникари.
Причините за пожарот, кој избувна во подрумските простории на зградата лоцирана на улицата „Видео Смилевски Бато“ засега не се познати.