(ВИДЕО) Изгаснат пожарот во поранешната зграда на „Технометал“

Изгаснат е пожарот што изби во поранешната зграда на „Технометал Вардар“, на улица „Македонија“ во центарот на Скопје.

Од Центарот за управување со кризи за МИА информираа дека горела напуштена зграда.

Како што изјави за МИА командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески, пожарот го гаселе едно возило и пет пожарникари, а причината ќе се утврдува дополнително од надлежните служби.

Пожарот бил пријавен од станарите на околните згради.