Изгаснат пожарот во зграда во Карпош

Пожарот што попладнево изби во стан на 5. кат во зграда на „Рузвелтова“ во Карпош 1 е изгаснат, дознава Сител од теренот.

Се чека да се спушти правот за да може пожарникарите да ги симнат станарите од соседните станови, на кои не им беше дозволено да се движат по скалите се додека пожарникарите не ја стабилизираа состојбата.

При пожарот интервенираа околу 15 пожарникари со 5 возила.

На терен се присутни и две возила на итната помош.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.