Изгаснати три пожари, активни уште три

Изгаснати три пожари, активни уште три

Три пожари во моментов сеактивни на територијата на Македонија. Дирекцијата за заштита и спасување информира за состојбата на пожари на територијата на Република Македонија, кои се активни или изгаснати во текот на денешниот ден, заклучно со 16 часот.

Активни пожари

Појавен е пожар над патот кон село Рашче во Општина Ѓорче Петров. Зафатена е нискостеблеста шума и трева. На терен се ангажирани: Дирекцијата за заштита и спасување со 5 припадници од републичките сили за заштита и спасување, 1 противпожарно возило со 3 пожарникари, 5 лица од шумското стопанство

-Појавен е пожар кај село Крнино во Општина Чашка – сеуште е активен. На терен се ангажирани Дирекцијата за заштита и спасување со 5 припадници од републичките сили за заштита и спасување и 20 лица од  ШС Бабуна Велес

-Појавен е пожар кај место викано Прентов Мост-Општина Охрид

Пожарот е под контрола и се работи на ликвидирање на неколку преостанати жаришта. На лице место ангажирани се екипи на ПШС Галичица со 11 лица и 1 ПП возило и 3 пожарникари од ТППЕ Охрид, стои во соопштението на ДЗС.

Изгаснати пожари

-Општина Куманово кај село Облавце- пожарот е изгаснат во 13. 30 часот. Изгорена е сува трева.

-Општина Прилеп кај атар село Сарандиново- пожарот е изгаснат во 14.30 часот. Изгорена е сува трева.

-Општина Кичево, кај село Арангел-пожарот е изгаснат во 13.00 часот. Изгорени се стрништа.

Дирекцијата за заштита и спасување, преку своите подрачни одделенија и понатаму ја следи состојбата на теренот и ќе известува за секој ново настаната ситуација, се наведува во соопштението.

Пеколно високите температури го запалија Балканот

pozar3-533x400Пред десетина дена голем шумски пожар избувна во кумановско Слупчане. Пожарот беше изгаснат, но подоцна пвторно се активирал.

Од Дирекцијата за заштита и спасување тогаш информираа дека пожар на дабова шума избувнал и на непристапен терен во населеното кумановско село Матејче.

Неколку големи пожари тие денови беснееја во јужна Грција, хрватското приморје и во делови од Херцеговина.

Меѓу поголемите пожари беа оние на грчките острови Закинтос и Скирос, како и во близина на селото Дистомо на полуосторовот Пелопонез.

Грчката полиција тогаш соопшти дека на подрачјето близу Атина што беше зафатено од голем пожар, било пронајдено јагленосано тело на еден полицаец, кој е прва жртва на огнените стихии во Грција ова лето.

Два големи пожари во исто време беснееја во предлот Крижњак близу приморскиот град Трогир и близу местото Пругови, северно од Сплит во Хрватска.

Пожари беа регистрирани и на подрачјата на херцеговските градови Мостар, Чапљина, Столац и Коњиц.

 

 

Поради високите температури пожари имаше на подрачјето на целиот Балкан.