Изгоре барака во Драчево

Барака сопственост на П.Ц.(52) од Скопје во која како потстанар престојувал Д.Г.(37) од село Ново Село, прилепско изгоре вчера во пожар.

Пожарот бил пријавен во 11 часот на улицата „Живко Фирфов“.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран во 13.30 часот.