Изгоре цел кат од зграда во Гевгелија, станарите евакуирани

Кат од зграда изгоре денеска во Гевгелија. Причинета е материјална штета, повредени нема.

Пожарот избувнал денеска околу 11 часот во станбената зграда на улица „Ристо Чавдаров“.

Според првичните сознанија, станарите од зградата веднаш и навремено биле евакуирани, но ветерот кој денеска дува во Гевгелија придонесе пожарот брзо да се прошири на целиот кат.

Интервенцијата на ТППЕ од Гевгелија со сиот расположлив капацитет успеа да го локализира огнот да не ги зафати и подолните катови меѓутоа материјалната штета од пожарот очигледно е голема.

Причините за настанувањето на пожарот се уште се истражуваат и засега не се познати.

Извор: ПлусИнфо

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.