Изгоре кафана во Бутел, нема повредени

105

Опожарен е угостителски објект во Бутел, на улицата „Томе Пуре“, сопственост на А.С., како и товарно возило „рено мастер“, сопственост на 52-годишниот Н.С. од Скопје, кое било паркирано во непосредна близина, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што соопшти СВР, случајот е пријавен ноќеска, во 01:15 часот. Со пожарот бил зафатен задниот дел од објектот во кој имало повеќе стари гуми од возила, кровната конструкција и помошната просторија.

Пожарот бил локализиран од екипа на Противпожарната бригада Скопје, повредени лица нема, а извршен е и увид.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.