Изгоре камион и покрив во магацин во Струмица

Во магацин на улицата „Маршал Тито“ во Струмица утрово се запалиле товарно возило и дел од покривната конструкција, информираат од Територијалната противпожарна единица на Струмица.

Во гаснењето на пожарот учествувале седум пожарникари и три противпожарни возила.

Пожарот е изгаснат, а балгодарение на навремената интервенција спречено е негово ширење на соседните простории.

МИА