Изгоре плевна во тетовско село Церово

Во пожар во селото Церово на планината Сува Гора, општина Желино изгоре плевна, а при тоа нема повредени лица. Интервенирала пожарната од Тетово.

-Вчера околу 16:00 часот, во СВР Тетово е пријавено дека избувнал пожар во плевна во тетовското село Церово. Повредени нема, а целосно изгорел покривот на објектот и поголема количина добиточна храна. Со интервенција на Територијалната противпожарна единица од Тетово пожарот за кусо време е локализиран, соопшти денеска СВР Тетово.

Пред два дена во атар на тетовското село Порој изгоре е плевна со поголема количина добиточна храна и земјоделски апарати.