(ФОТО) Изгореа трафика на „Кеј 13 Ноември“

По извршениот увид, од МВР за МИА потврдија дека на „Кеј 13 ноември“ во Скопје изутрината се опожарени три трафики, од кои една е угостителски објект.

Пожарот е изгаснат од страна на Противпожарната бригада, но се уште не се познати причините за неговото избувнување и колкава е причинетата материјална штета.

Од Противпожарната бригада информираат дека интервенирале со две возила и шест пожарникари, на површина зафатена со пожар околу 70 метри квадратни. Пожарот целосно бил изгаснат околу 06.30 часот.

Пожарото бил пријавен во СВР Скопје утрото во 4:28 часот.