Изгореа 22.000 евра и 30.000 швајцарски франци во пожар во куќа

Сума од речиси 22.000 евра и уште 30.000 швајцарски франци загуби семејство од кичевското село Бистрица, откако во петокот утрото во нивната куќа избувнал пожар.

Во текот на вчерашниот ден во 09,30 часот било пријавено дека во селото Србица избувнал пожар на првиот кат во куќата сопственост на 46-годишниот М.Л.

Пожарот бил изгаснат од страна на Територијална противпожарна единица од Кичево. Во пожарот опожарени биле мебелот и покуќнината во спалната соба, како и 21.500 евра и 30.000 швајцарски франци.

Извршен бил увид од страна на увидна екипа од Полициската станица Кичево.